Свирењето на инструменти ја зголемува интелигенцијата

Сподели со своите пријатели

Музиката ги прави луѓето поинтелигентни и го зголемување интелектуалниот коефициент, наведуваат научниците. Поголемиот дел од луѓето сметаат дека коефициентот на интелигенција е непроменлив, меѓутоа не е така.

Постојат научни докази дека интелигенцијата може да се зголеми, а свирењето на некој инструмент е најдобар начин за тоа. Истражувањето на Универзитетот во Цирих покажало дека музичката активност го зголемува нивото на интелигенција.

Психологот Луц Јанке истакнува дека на тој начин структурата на мозокот се менува, дури и кај постарите од 65 години.

Кои се најплатените пејачки годинава според „Форбс“?

Loading...

По четири или пет месеци свирење на некој инструмент во траење од еден час неделно, забележани се големи промени на мозокот, како и подбрување на меморијата, слухот и моторичките функции, наведуваат науниците.

Свирењето е активност која помага за зачувување на сивите клетки на мозокот одговорниз а функционирање и извршување на секојдневни задачи.

Исто така, свирењето на инструменти го редуцира стресот, го опушта умот и телото, па овозможува човекот да се фокусира на активност која ја подобрува функцијата на мозокот.

Свирењето инструменти опушта допамин во мозокот, хемикалија одговорна за чувство на задоволство која се лачи и при јадење и сите други работи кои луѓето ги чинат среќни.

Како реагираат денешните тинејџери на музиката од 90-те (видео)

Научниците укажуваат дека свирењето ги подобрува и говорните способности и вербалната флуентност, како и начинот на кој ги процесираме информациите, па во тој поглед, подобро дури и од учењето странски јазици.

Leave a Reply