Светските лидери се простуваат од Горбачов

Сподели со своите пријатели

Бројни светски лидери, сегашни и поранешни, реагираа на веста за смртта на поранешниот претседател на СССР, Михаил Горбачов, едногласно истакнувајќи дека тој е човек кој го променил светот.

Loading...

Путин упати телеграма

Рускиот претседател Владимир Путин денеска испрати телеграма со сочувство до семејството и пријателите за смртта на поранешниот советски лидер Михаил Горбачов.

– Михаил Горбачов беше политичар и државник кој влијаеше на процесот на светската историја – се наведува во телеграмата објавена на веб-страницата на Кремљ, пренесе агенцијата ТАС С.

Во телеграмата Путин ги истакна големите хуманитарни, добротворни и образовни напори на Горбачов.

Германските политичари за Горбачов

Германските политичари денеска реагираа на веста за смртта на Михаил Горбачов со зборови на благодарност за неговиот придонес за германското обединување.

– Германија останува благодарна за неговиот одлучувачки придонес за германското обединување, и ја почитува неговата храброст за демократско отворање и зближување на Истокот и Западот. Ќе остане запаметен по неговата голема визија за заедничка и мирна Европа – нагласи претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер.

Тој истакна дека Горбачов страдал во последните години бидејќи сонот не му се остварил.

– Денеска тој сон е во урнатини, уништен од бруталниот напад на Русија врз Украина – подвлече Штајнмаер.

Loading...

Канцеларот Олаф Шолц оцени дека Горбачов бил храбар реформатор и државник, кој ја овозможил демократијата во многу делови на Европа, како и обединувањето на Германија.

– Знаеме дека умре во време кога не само што пропадна демократијата во Русија, туку и кога Русија и рускиот претседател Владимир Путин создаваат нови поделби во Европа и водат страшна војна против соседна Украина – нагласи тој.

Вицеканцеларот Роберт Хабек истакна дека Горбачов починал во време на нови тензии меѓу Русија и Западот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто Берлин не испраќа тенкови во Украина?

– Ова уште еднаш покажува дека историјата ја пишуваат луѓето. Ако Русија имаше повеќе државници како Горбачов кои се залагаа за курс на детант, зближување и заедничко размислување, тие ќе имаа поинаков развој – оценува тој.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок рече дека наследството на Горбачов е крајот на Студената војна и обединета Германија.

– Тагуваме по државник на кој сме вечно благодарни – истакна таа.

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел најемотивно истакна дека Горбачов е „уникатен светски политичар“.

Таа рече дека веста за неговата смрт ја примила со голема тага.

Loading...

– Горбачов ја напиша светската историја. Тој покажа како поединечни државници можат да го променат светот на подобро – нагласи Меркел.

– Без храброста на Горбачов за гласност и перестројка, тоа се отвореноста и реформите, не би била можна мирна револуција во ГДР. И денес го чувствувам стравот што го имав заедно со моите сонародници во ГДР во 1989 година, дали повторно ќе излезат тенкови, како во 1953 година, кога извикувавме „ние сме народот“, а подоцна „еден народ сме“. Меѓутоа, тогаш немаше тенкови, не се пукаше. Наместо тоа, Горбачов му порача на раководството на ГДР „кој доцни, ќе биде казнет доживотно“ – напиша таа.

Горбачов не се спротивстави, вели, на барањето на граѓаните за слобода во ГДР.

– Уште повеќе, тој дозволи обединетата Германија да стане членка на НАТО. Горбачов суштински ми го промени животот. И тоа никогаш нема да го заборавам – подвлече Меркел.

Реакции и од Австрија

Во реакциите од Австрија, претседателот Александар ван дер Белен оцени дека Горбачов е „човек на мирот и голем визионер“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали зимата може да стане најмоќното оружје на Путин?

– Речиси никој не го одбележа изминатиот век како него, а особено нашата денешна Европа. Неговото наследство останува и е поважно од кога било – напиша Ван дер Белен на Твитер.

Австрискиот канцелар Карл Нехамер нагласи дека Горбачов е тој што придонел за најзначајното зближување меѓу Истокот и Западот по падот на Челичниот ѕид во Европа и довело до крајот на Студената војна.

Вицеканцеларот Вернер Коглер изрази жалење што не го чувствува признанието што го ужива на Запад во својата татковина.

Loading...

Шефот на австриската дипломатија, Александар Шаленберг, подвлече дека Горбачов придонел за мирниот нов поредок на Европа во изминатите 30 години.

– Ги препозна сигналите на времето и беше голем државник – нагласи тој.

Бајден за Горбачов

Американскиот претседател Џозеф Бајден нагласи дека е „човек со извонредна визија“ кој „верува во подобар свет“, пренесува Би-Би-Си.

– Кога дојде на власт, Студената војна веќе траеше речиси 40 години, а комунизмот уште подолго, со погубни последици – рече Бајден.

Тој нагласи дека „Горбачов беше доволно храбар да прифати демократски реформи и нуклеарно разоружување“.

– Ова се дела на посебен лидер, кој има фантазија да види дека е можна поинаква иднина и храброст да ја ризикува целата своја кариера за да ја постигне. Резултатот беше побезбеден свет и поголема слобода за милиони луѓе – рече американскиот претседател.

Loading...

Бајден изјави дека по напуштањето на Кремљ, Горбачов останал „длабоко ангажиран“ и дека луѓето насекаде имаат корист од неговата „верба во подобар свет“.

Џонсон за Горбачов

Во изјавата, британскиот премиер Борис Џонсон ја поздрави „храброста и интегритетот“ на Горбачов за ставање крај на Студената војна.

Тој рече дека неговата „неуморна посветеност“ е пример денес, во времето на рускиот напад врз Украина, пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Мислам дека Путин не блефира

Лидерите на ЕУ се збогуваа со Горбачов

Многу лидери на ЕУ, исто така, му оддадоа почит на Горбачов, добитник на Нобеловата награда за мир, кој одигра клучна улога во завршувањето на Студената војна и падот на железната завеса, по веста дека тој починал на 92-годишна возраст, според БиБиСи.

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека неговата „заложба за мир во Европа ја промени нашата заедничка историја“.

Loading...

И холандскиот премиер Марк Руте изрази жалење за загубата на „храбриот реформатор со огромно влијание врз историјата“.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа по повод смртта на последниот советски лидер Михаил Горбачов изјави дека одиграл клучна улога во завршувањето на Студената војна и „го отворил патот кон слободна Европа. “.

– Михаил Горбачов беше почитуван и доверлив лидер. Тој одигра клучна улога во завршувањето на Студената војна и падот на железната завеса. Тој го отвори патот кон слободна Европа – порача Фон дер Лајен на Твитер.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш нагласи дека Горбачов е „единствениот државник кој го променил текот на историјата“.

– Тој направи повеќе од кој било друг за да донесе мирен крај на Студената војна – рече Гутереш.

Loading...

Јапонскиот премиер за Горбачов

Јапонскиот премиер Фумио Кишида на денешната прес-конференција во Токио изјави дека Михаил Горбачов, првиот и единствен претседател на Советскиот Сојуз, одиграл важна улога во развојот на движењето за нуклеарно разоружување, пренесува ТАС С.

Кишида потсети дека Горбачов дојде во Јапонија во 1991-1992 година, каде ги посети Хирошима и Нагасаки, јапонските градови кои настрадаа од американското нуклеарно бомбардирање.