Супер – лига: КК Куманово недостижен за Фени Индустри (видео)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб Куманово, вчеранавечер на домашен терен го пречека Фени Индустри, во рамки на комплетирање на 5 -тото коло од кошаркарската супер лига.

Loading...

DSC_0130

Домаќинот со водство во текот на сите 40 минути против Фени Индустри, заслужено славеше со 85-76. Поените на Мандиќ, Луковиќ и Јанески му донесоа рано водство на Куманово од 11-2, кое до крајот на првата четвртина стана и двоцифрено.

Со добра игра во нападот кумановци успеаја да го задржат водството од околу 10 поени и во текот на целите наредни две четвртини, за во последниот период преку реализациите на Филиповиќ, Младеновиќ, Џекиќ и Аврамовиќ да стигнат до највисоки 17 поени разлика (80-63) на 5 минути до крајот.

И покрај обидите на Фени да се вратат во игра, немаа време посериозно да се заканат на предноста на противникот, па Куманово во мирна завршница прослави триумф од 85-76.

Александар Костоски и Урош Луковиќ со по 17 поени беа најдобри стрелци кај Куманово, каде одличен меч одиграа и Караџовски и Аврамовиќ. Во составот на Фени, Брендон Вуд со 21 поен и 7 скокови, заедно со Адам Кемп со 20 поени и 13 скокови беа носители на играта и најдобри поединци.

По 5.коло во Суперлигата, МЗТ Скопје ја држи првата позиција на табелата со 37 бодови, два повеќе од Работнички на втората позиција. Куманово е сам на третото место со 34 бода, следуваат Фени и Соколи со по 33 бода, додека Кожув со 32 бода сега се доближи на само една победа до места кои водат во плејофот.

Loading...

До крајот на Суперлигата преостануваат уште 5 кола, а наредното се игра веќе во недела и ги носи натпреварите: МЗТ – Кожув, Работнички – Фени и Куманово – Соколи.

Leave a Reply