Судот во Хаг осуди лидер на група поврзана со Ал Каеда

Сподели со своите пријатели

Меѓународниот кривичен суд денеска го осуди лидерот на групата поврзана со терористичката организација Ал Каеда за верски прогон и тортура на затвореници во Мали во 2012 и 2013 година, кога тој беше началник на исламската полиција во градот Тимбукту.

Loading...

Ал Хасан Аг Абдул Азиз Аг Мохамад Аг Махмуд се соочува со доживотна казна затвор, пренесува АП.

Судот утврди дека 47-годишниот Малиец бил клучен член на Ансар Дина, исламска екстремистичка група поврзана со Ал Каеда, која во тоа време беше на власт во Мали.

На судењето беше откриено дека затворениците биле малтретирани со тоа што биле држени во мали валкани ќелии и постојано камшикувани.

„Самиот Ал Хасан им нанел најмалку 34 и 37 удари со камшик на две машки жртви“, беше кажано на судењето.

Како што беше наведено, жените и девојките страдале особено под режимот на Ансар Дине, соочени со физичко казнување и затвор, рече тогашниот главен обвинител Фату Бенсуда на почетокот на судењето на Ал Хасан пред речиси четири години.