Судија во Боливија издаде налог за апсење на поранешниот претседател

Сподели со своите пријатели

Судија во Боливија денеска издаде налог за апсење на поранешниот претседател Ево Моралес, бидејќи тој не се појави на суд, каде што требаше да биде сослушан под обвинение за сексуална злоупотреба на малолетничка.

Loading...

Моралес (65) наводно во 2016 година добил дете со тинејџерка во сексуална врска која доколку се докаже може да се смета за силување на малолетничка.

Според судијата Нелсон Рокабад, издадена е и потерница.

Сослушувањето на Моралес беше закажано за денеска во регионот Тарија во јужна Боливија, каде што живее наводната жртва.

Моралес ги негира обвинувањата, тврдејќи дека се целосно лажни и се смета себеси за „жртва“ на политичката војна што се води преку судовите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кинеската економија расте побрзо од очекуваното

Тој го обвинува својот поранешен сојузник, а сега политички ривал, претседателот Луис Арсе, дека стои зад овие обвинувања.

Затоа одбил да се појави на суд.