Судбината на ГТЦ неизвесна по неуспешниот референдум

Сподели со своите пријатели

На вчерашниот одржан референдум за зачувување на автентичниот изглед на фасадата на Градскиот трговски центар, според официјалните резултати, излегоа 40,46 проценти од запишаните избрачи. Со овие резултати, и покрај мнозинскиот број гласови, пропадна и иницијативата, иако според Жерновски, ова не е крај во борбата за зачувување на ГТЦ.

Loading...

Борбата за ГТЦ продолжува и покрај неуспешноста на референдумот, изјави вчера градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, по затворањето на избирачките места и прогласувањето на официјалните резултати.  Според него, граѓаните на Општина Центар се соочиле со притисоци за неизлегување, посочувајќи дека се јавиле проблеми и со избирачките списоци.

„ГТЦ го доби досега најголемиот резултат во Центар. Тоа значи дека никој не смее да го допре ГТЦ. За мене референдумот е прв чекор кон враќање на власта на гласачите, а јас како градоначалник ќе направам се ГТЦ да остане каков што е”, посочи Жерновски.

Според НВО МОСТ, која го следеше гласањето, по обработените 95 проценти од гласачките места, од излезените гласачи, 96,27 проценти гласале за, а 3,73 против референдумското прашање.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *