Судот за развод во Пекинг и наложи на сопругот да и плати на сопругата за домашните работи кои ги извршувала за време на бракот.
Според пресудата, жената ќе добие 7.700 долари за пет години неплатена работа. Пресудата привлече големо внимание во јавноста и на интернет започна дебата за тоа колку вреди домашната работа, а некои сметаат дека оваа бројка е прениска.
Според судските записи, човекот по презимето Чен поднел барање за развод од неговата сопруга Ванг минатата година, а парот се венчал во 2015 година.
Отпрвин не сакала да се разделат, но потоа побарала парична отштета, тврдејќи дека Ченг не ја поддржува кога се работи за домашните работи и обврските околу нивниот син.
Оваа судска одлука е резултат на новата донесена регулатива, која стапи на сила годинава. Според законот, на брачниот другар му е дозволено да бара компензација за време на разводот ако тој или таа сноси поголема одговорност во воспитувањето на детето, грижата за постарите роднини и помагањето на партнерите во нивната работа.
Пред тоа, мажот и жената што се разведувале можеле да го побараат тоа само доколку првично бил потпишан предбрачен договор, што инаку е реткост во Кина.