Студент нападнал вработени на универзитет со секира, обезглавил жена? Хорор во Вашава!

Сподели со своите пријатели

Во среда навечер, на Универзитетот во Варшава се случил ужасен напад, кога 22-годишен студент по право ги нападнал вработените со секира.

Една жена беше убиена, додека чуварот бил тешко ранет. Осомничениот бил уапсен.

Нападот се случил во 18:40 часот, а според медиумите, студентот влегол во кампот со секира.

Прво нападнал жена (53), која работела во администрацијата на универзитетот, а потоа ранил и чувар (39) кој се обидел да ја одбрани.

Жената починала на самото место, а повредениот маж бил однесен во болница во тешка состојба.

Според „Полсат њуз“, властите наводно пронашле отсечена глава на жена на местото на злосторството, заедно со оружјето со кое е извршено убиството.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тотална контрола: Талибанците почнуваат да го исклучуваат интернетот низ целата земја

Обвинителите официјално не ја потврдија оваа информација и одбија да коментираат за овој морничав детаљ, се вели во соопштението.

„Вработен на Универзитетот во Варшава е убиен, а еден обезбедувач е повреден и е во тешка состојба во болница“, изјави портпаролот на окружното обвинителство.

Полицијата потврди дека уапсила Полјак (22), студент на право на трета година.

Според досегашните информации, тој нема криминално досие.

Засега не е познато кој е мотивот за бруталниот напад.

Истражителите не исклучуваат ниту еден сценарио – меѓу другото, тие истражуваат проблеми со менталното здравје и дали сторителот бил под дејство на дрога.