Триесетгодишниот Д.Д. жител на селото Баница, струмичко, вчера околу 14:25 минути бил приведе на граничниот премин Табановце, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Лицето било предмет на потрага за издржување казна затвор во траење од 10 месеци за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ од Кривичен Закон.
Во 16:40 часот истиот бил предаден на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Куманово за понатамошна постапка.