Стопете ги наслагите со супа од зелка

Сподели со своите пријатели

Потребни производи:

  • 5 моркови, сецкани

    3 главици кромид, сецкани

    2 конзерви излупени домати заедно со сок

    1 голема зелка исецкана ситно

    300 г зрел грав од конзерва, исцеден и исплакнат

    2 л сок од домати

    2 зелени пиперки, сецкани

    10 стапчиња целер, исечен

    1 коцка зеленчукова супа

    сол

    црн пипер

Подготовка:
Во голем сад ставете ги морковите, кромидот, доматите, зелката, гравот, пиперките и целерот. Потоа истурете го во неа доматниот сок и коцка супа. Додадете и толку вода колку да се покријат сите производи.

Loading...

Ставете го тенџерето на шпоретот на среден оган. Откако ќе зоврие, намалете ја топлината и оставете да врие под капак, додека сите состојки не омекнат.