Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека зајакнувањето на Кина и соработката на Пекинг со Русија претставуваат закана не само за Азија, туку и за Европа и побара посилна соработка и повеќе „пријатели“ на алијансата во Азија.
Столтенберг во Токио рече дека Кина се повеќе инвестира во нуклеарно оружје и ракети со долг дострел, со притисок врз соседните земји и Тајван.
Фактот дека Русија и Кина се зближуваат и значајните инвестиции на Пекинг во модерно оружје нагласуваат дека Кина претставува закана, но и предизвик за НАТО. Безбедноста не е регионална, туку глобална, рече Столтенберг.
Според него, соработката меѓу Кина и Русија води до авторитарно потиснување на отворениот демократски меѓународен поредок, пренесува АП.
Столтенберг рече дека НАТО не ја смета Кина за противник, ниту пак сака конфликт, поради што ќе продолжи да соработува со Пекинг во области од заеднички интерес, како што се климатските промени.