Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Лондон изјави дека Алијансата е „камен-темелник на европската безбедност“.
„Сега е време да се залагаме за слобода и демократија, а местото (за тоа) е Украина“, рече Столтенберг на самитот на Европската политичка заедница во Лондон.
Тој најави дека новата команда на НАТО за координација и обезбедување на безбедносна помош и обука за Украина ќе профункционира во септември оваа година, објави Алијансата.
Тој ги осуди руските напади врз сојузниците во НАТО, како што се сајбер напади, саботажи и ширење дезинформации.
„Сојузниците реагираат со споделување разузнавачки информации, зајакнување на заштитата на критичната инфраструктура и водење национални правни процеси“, додаде генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.