Стокхолм: Над 50 луѓе повредени на фестивал посветен на културата на Еритреја

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 50 лица се повредени, од кои осум потешко, а околу стотина се приведени во Стокхолм, откако противниците на владата на Еритреја упаднаа на настан во шведскиот главен град организиран од приврзаници на режимот на Еритреја.

Loading...

Околу 1.000 антивладини демонстранти на кои им беше дозволено да одржат протест во близина на фестивалот ја пробија полициската бариера, ги урнаа фестивалските шатори и запалија возила, јавува Танјуг.

Полицијата соопшти дека привела околу сто лица по избувнувањето на насилните немири. Тие рекоа дека остануваат на место во предградие северозападно од Стокхолм и дека продолжуваат да воспоставуваат ред.

Според портпаролот на полицијата, приведени се меѓу 100 и 200 лица, а отворена е истрага за насилни немири и подметнати пожари, како и за попречување на работата на полицијата и спасувачките служби.

Во болница се префрлени 15 лица

Полицијата соопшти дека најмалку 52 лица побарале лекарска помош, или на местото на настанот или во локалните клиники и болници.

Петнаесет лица се префрлени во болница, соопшти во посебно соопштение здравствената управа на регионот Стокхолм.

Како што се наведува, осум лица се здобиле со „тешки повреди“, додека останатите седум се здобиле со „лесни повреди“.

Десетици илјади луѓе со потекло од Еритреја живеат во Шведска.

Loading...

Фестивалот посветен на културното наследство на Еритреја е годишен настан кој се одржува од 1990-тите, но е критикуван затоа што наводно служи како промотивна алатка и извор на пари за властите на оваа африканска земја, јавуваат шведските медиуми.

Од стекнувањето независност од Етиопија пред три децении, малата нација Рогот на Африка беше предводена од претседателот Исаијас Афверки, кој никогаш не распиша избори.