Стојчевски најави повисоки плати за здравствените работници (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Повисоки плати за здравствените работници и бесплатно здравство за апсолутно сите, се само дел од мерките во здравството што денеска ги најави носителот на листата кандидати за пратеници од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Даниел Стојчевски.

Loading...

Според статистиката, вели Стојчевски, имаме само 270 лекари на 100 илјади жители, што е 22 отсто под просекот на ЕУ.

– Исто така, последните десет години губиме околу двеста лекари годишно, што е приближно ист на бројот на студенти кои завршуваат медицински факултети. Ова е сериозен проблем кој бара нашата веднашна реакција и акција. Ние од Движењето ЗНАМ имаме  мерки и политики кои ќе ги подобрат условите во здравствениот систем, рече Стојчевски.

 

 

Тој најави зголемување на бројот на лекари, но со фокус на инвестиции во бразованието и обуката и создавање услови за задржување на постоечките.

– Исто така, ние ќе се обидеме да ги поттикнеме младите да се вклучат во медицинската професија преку програми за стипендии и обука. Конкретни мерки од нашата програма се: зголемување на платите на докторите за 20 проценти, зголемување на платите на медицинските сестри и другиот медицински персонал за 50 проценти, бесплатен здравствен систем за сите граѓани на државата. Креирање на здравствен систем кој ќе ги лекува пациетнтите и нема од нив да прави клиенти. -Еднаков пристап до здравствени услуги на сите граѓани по нивен избор. Подобрување и реновирање на сите здравствени објекти во Македонија, изјави Стојчевски.

Loading...

Тој најави и фокусирање на подобрување на здравствената инфраструктура и пристапот до здравствени услуги за сите граѓани, особено за оние во руралните области.

– Ја Споделуваме и вашата загриженост за ниските нивоа на наталитет и високата стапка на смртност, и затоа ќе се фокусираме на програми за здравствено образование, најави Стојчевски.

Никола Ивановски