Стармер: Ќе соработуваме со САД без разлика кој ќе победи на изборите

Сподели со своите пријатели

Лабуристичката влада на Велика Британија ќе соработува со САД, без разлика кој ќе победи на претседателските избори во ноември, најави денеска британскиот премиер Кир Стармер.

Loading...

Тој одби да ја поддржи американската потпретседател Камала Харис за претседателската кандидатура, откако американскиот претседател Џозеф Бајден во неделата се повлече од кампањата за реизбор, пренесува Politico.

„Очигледно, Демократската партија треба да одлучи кој ќе биде нејзин кандидат. И после тоа, на американскиот народ е да одлучи кого сака за претседател“, рече Стармер.

Тој го пофали Бајден за неговата одлука одбраната да ја направи централна тема на неговиот мандат во Белата куќа, велејќи дека „живееме во опасен, насилен и сè понебезбеден свет“.

„Ја почитувам одлуката на Бајден (да се откаже од кампањата за реизбор). Тоа не е лесна одлука, но покажува дека тој ги имал на ум најдобрите интереси на американскиот народ“, рече Стармер.

Бајден синоќа објави дека се повлекува од кампањата за реизбор, откако претходниот месец одби да го стори тоа, истовремено поддржувајќи ја американската потпретседателка Камала Харис да биде кандидат на демократите на ноемвриските избори, пренесува Танјуг.