Стармер: Ерата на глобализација дојде до крајот

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер Кир Стармер ќе им се обрати на граѓаните на Обединетото Кралство и ќе потврди дека ерата на глобализација дојде до крајот, пишува Тајмс.

Loading...

Обраќањето на Стармер всушност беше одговор на американскиот претседател Доналд Трамп кој на почетокот на оваа недела воведе огромни тарифи за повеќето американски трговски партнери, вклучително и Велика Британија.

Премиерот ќе ги нарече тарифите „погрешни“, но исто така ќе нагласи дека го разбира „економскиот национализам“ на Трамп и зошто гласачите, кои веруваат дека не виделе никакви придобивки од слободната трговија и масовната имиграција, го поддржуваат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Новата мерка за практиканство обезбедува три месеци платена обука за 1.352 млади

Неименуван функционер на Даунинг стрит изјави за Тајмс дека „светот се промени, глобализацијата е завршена и сега сме во нова ера“.

„Треба да покажеме дека нашиот пристап, поактивна лабуристичка влада, реформска влада, може да им даде одговори на луѓето во секој дел од оваа земја“, рече функционерот.