Стаорци „наркомани“ во полициската станица во Њу Орлеанс јадат запленета марихуана

Сподели со своите пријатели

Официјални лица на полицискиот оддел на Њу Орлеанс (НОПД) објавија дека во просторијата за докази, во седиштето на полициските сили на тој град, се појавиле стаорци кои јадат доказни материјали, меѓу другото, и марихуана.

Loading...

„Сите тие се дрогирани“, рече началникот на полицијата Ен Киркпатрик на состанокот во понеделникот на комитетот за кривична правда во градот.

Проблемот не е ограничен само на просторијата за докази, бидејќи некои вработени тврдат дека на нивните клупи пронашле измет од стаорци, пренесува CBS News.

Во истата зграда не работат клима уредите и лифтовите, истакна Кикпатрик, додавајќи дека лицемерно е да се каже дека службениците се грижат за вработените, додека тие работат во нехигиенски услови.

Членовите на Советот на состанокот на Управниот одбор во понеделникот гласаа да се одобри нов закуп на зграда за НОПД.

Новиот 10-годишен закуп ќе го чини градот 670.000 долари месечно, што е сè уште поевтино од 30 милиони долари што би ги чинело за да се поправи сегашното седиште, рече Гилберт Монтано, главен административен директор на градот, пренесе Танјуг.