Стабилизирање на состојбата во Виена: Водостојот опаѓа, јавниот превоз се нормализира

Сподели со своите пријатели

Во изминатите 24 часа состојбата во Виена значително се стабилизира.

Loading...

Водостоите на реките се видно опаднати, а водата постепено се повлекува од поплавените делови на градот.

Градоначалникот на Виена Михаел Лудвиг и австрискиот канцелар Карл Нехамер на заедничка прес-конференција повикаа на претпазливост, нагласувајќи дека се уште не е време целосно да се укине алармот.

 

 

Сепак, од среда се очекува состојбата трајно да се подобри.

Градоначалникот Лудвиг изрази посебна благодарност до ангажираните служби за нивната неуморна работа во претходните денови, нагласувајќи дека е горд на начинот на кој Виена ја менаџира кризата.

Loading...

Според него, успешното справување со поплавите е резултат на долготрајните мерки на претпазливост во заштитата од поплави, како и брзите реакции на терен.

 

 

„Виена е подготвена за поплави“, рече градоначалникот и додаде дека клучот за успехот е добрата соработка меѓу федерацијата и покраините.

Дополнителни 300 вработени во претпријатието за јавен превоз „Винер Линиен“ се распоредени низ Виена за да ги спроведат безбедносните мерки и да обезбедат поддршка во алтернативниот транспорт.

Противпожарните служби, кои од почетокот на временските непогоди се соочуваат со големи предизвици, досега имале 2.900 интервенции, а на терен се уште 500 пожарникари кои континуирано дежураат, нагласи Лудвиг.

 

Loading...

 

Ситуацијата континуирано се следи со помош на дронови.

Виенската служба за итни случаи регистрирала 17 интервенции, при што десет лица се здобиле со полесни повреди, најмногу поради падови или несреќи на лизгави коловози натопени од дожд.

За денеска се предвидуваат само повремени послаби врнежи. Затоа рано утринава почнаа да ги отстрануваат дрвените бариери и вреќи со песок, како и да ги поправаат контактните линии на линијата У6.

Истовремено се проверуваат делниците погодени од поплави за да се утврдат евентуалните штети.

 

Loading...