„Српски вез“ организираше Видовденска ликовна работилница (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Културно уметничко друштво „Српски вез“ од Куманово вчера заедно со Српската заедница во Македонија по повод Видовден организираше Ликовна работилница на тема: „Насликај ја својата татковина“.

Loading...

Најмладите членови на друштвото имаа можност заедно со неколку инструктори да сликаат и да ја покажат својата креативност и својот талент за уметност, а малку повозрасните членови составија неколку стихотворби на темата „татковина“.

– КУД  „Српски вез“ најавува дека од Септември ќе формира драмска и рецитаторска секција, во која ќе имаат можност да членуваат сите талентирани членови на друштвото, но и сите заинтересирани деца до 16 годишна возраст од Куманово, а со кои ќе работат неколку професионални актери и книжевници, изјави Далибор Китановиќ од КУД „Српски вез“.

Loading...

Друштвото големиот празник Видовден ќе го прослави на Косово, во Општина Ранилуг каде што ќе настапи со својот прв ансамбл оркестар и етно група на повик на Културно уметничкото друштво „Симонида“. На манифестација ќе учествуваат повеќе друштва од Србија, Црна Гора и БиХ.

Leave a Reply