„Српски вез“ организира Фолклорна ревиja

Сподели со своите пријатели

По повод 10.години од своето постоење Културно -уметничкото друштво „Српски вез“ од Куманово ќе организира Фолклорна ревија.

Loading...

На ревијата ќе бидат представени народни носии кои „Српски вез“ ги изработи и набави изминатите десет години, но и некои нови кои беа изработени за овој повод.

Во рамките на фолклорната ревија е предвиден и соодветен културно-уметнички програм.

На самата манифестација е најавено просуство на Министерот во Владата на Р.Србија задолжен за дијаспора Ѓорѓе Миличиќ, Амбасадорката на Р.Србија во Македонија Невена Јовановиќ, Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, пратеници, како и универзитетски професори и културни работници од Македонија и Србија.

Фолклорната ревија која ја организира „Српски вез“ исто така е дел од проектот „Денови на Српската култура во Куманово – работилница за изучување на Српски јазик“ кој е подржан од страна на Владата на Република Србија, Кабинет на министерот без ресор задолжен за координација на активностите и мерките во областа на односите на Република Србија со дијаспората и Општина Куманово.

Интегрално соопштение