Српски вез организира 5-ти јубилеен концерт

Сподели со своите пријатели

Културно уметничко друштво „Српски вез“ оваа година одбележува 5 години од своето постоење. По тој повод организира 5-ти Јубилеен Концерт во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, кој ќе се одржи во сабота со почеток од 19 часот.

Loading...

На самиот концерт покрај сите фолклорни групи, пејачката секција и Оркестарот на друштвото ќе настапат и три култуно уметнички друштва Куд „Плетеница“ од Бијељина БиХ, Куд „Браничево“ од Пожаревац Р.Србија и Фолклорен ансамбл „Дукат“ од Стара Пазова Р.Србија.

Покрај богатата културно уметничка програма гости на Концертот ќе бидат  и Амабасадорката на Р.Србија во Македонија, Амбасадорката на Босна и Херцеговина, пратеници, Градоначалникот на општина Куманово, претставници од општина Стара Пазова и Трговиште, како и други гости од културниот живот во Србија и Македонија

Leave a Reply