На четвртиот ден од спроведувањето на екстерното тестирање во основните и средните училишта, не стивнуваат реакциите од сите грешки и недоследности.
Денеска во име на Средношколскиот пленум се огласи Александар Милевски, тврдејќи дека една од најлошите реформи во образованието е токму екстерното тестирање.
– Голем број нерегуларности, нелогичности, технички пропусти го следат процесот и оваа година. До Средношколскот пленум се пристигнати голем број поплаки од многу средношколци кои се однесуваат на технички пропусти и нерегуларности. На пример се појавува прашање на албански јазик а одговорите се дадени на македонски јазик, во друг случај, прашањето е на албански јазик, има еден одговор на англиски, а два одговори воопшто нема, вели Милевски.