Средбата меѓу Трамп и Ким Џонг Ун во ноември

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп ги охрабрува своите советници да се сретнат со Ким Џонг Ун, врховниот лидер на Демократска Народна Република Кореја (ДНРК), уште оваа есен, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на американски официјални лица.

Трамп приватно разговарал за договор за средба еден на еден со Ким за време на следното патување на претседателот во Азија, рекоа официјалните лица, додавајќи дека тоа „може да се случи во ноември“.

Додека Трамп гледа уште една средба како можност за повторно отворање на дијалогот со ДНРК, аналитичарите и некои американски официјални лица рекоа дека „не очекуваат многу напредок“, според новински извештај, објави „Синхуа“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Случајот со мајката што уби три деца ја потресе Америка: Телефонот сега открива што се случило пред трагедијата