Сребрен медал за кумановецот Лука Велковски на Светскиот куп во кик бокс (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Лука Велковски од КБК Куманово 2006 се врати со сребрен медал од Светскиот куп во кик бокс кој викендов се одржа во Будимпешта, Унгарија.

Loading...

 

 

Пето место и висок успех во младинска кокуренција освои освои Јосиф Илиевски.

 

 

Loading...

Велковски се натпреваруваше во дисциплината лоу-кик во тешка категорија +91кг. Тој во финале се сретна со Јакоб Богуш од Полска и во фајтерска борба при размена на удари доби непријатен удар по носот, по што лекарите го прекинаа мечот во корист на противникот.

– За жал останавме без златен медал, но и ова е голем успех за Лука и карта за претстојните светски и европски првенства, изјави неговиот тренер Сашо Илиевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово се избори за Прва лига

 

 

Јосиф Илиевски пак се врати со петто место во младинската конкуренција. Тој беше поразен во четвртфиналето од Иман Скријел од Црна Гора на поени.

– И ова го сметаме за успех, затоа што се работеше за силна конкуренција, додава тренерот Илиевски.

 

Loading...

 

Инаку на Светскиот куп во кик бокс учествуваат над 3.000 натпреварувачи од 333 клубови од целиот свет.

Македонија севкупно освои три сребрени и три бронзени медали од 11те натпреварувачи со кои учествуваше.

– Може да се каже дека рамноправно се носиме со најсилните борци од целиот свет. Продолжуваме со тренинзите и очекуваме успеси и во иднина, а учеството на светскиот куп и освоените добри резултати ни даваат уште поголем мотив за понатаму. Благодарност до градоначалникот Максим Димитриевски, Општинскиот сојуз на спортови, компанијата „Махагони“ кои ни помогнаа да го реализираме учеството на ова големо светско натпреварување и секако на порталот Кумановски Муабети и Телевизијата „Плус“ кои со години редовно известуваат за нашите достигнувања, додава тренерот Сашо Илиевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово се избори за Прва лига

Никола Ивановски