Веќе шест месеци сум мртов човек, вели Ѓорѓе Милошевиќ од Нови Сад, кој за мртов „е прогласен“ на 19. јануари годинава. Самиот за тоа дознал кога отишол во полиција да го регистрира автомобилот.
– Матичниот број не се поклопуваше во полицијата кога отидов да го регистрирам автомобилот, рекол 79-годишниот Србин запрашан како се започнало.
Имено, кога на 26. јули ангажирал агенција за регистрација во негово име да ја заврши работата, дознал дека не можат да го направат тоа, затоа што во полиција им рекле дека Милошевиќ е покоен.
Тројца лекари го прогласиле за мртов, а пред аутопсијата тој започнал да ‘рчи
Loading...
Во матичната служба, раскажува Милошевиќ, а во разговор со вработените, дознал дека по грешка е запишан во книгата на починати врз основа на потврда за смрт од Клиничкиот центар Војводина.
– Така од јануари сум официјално мртов, а дури во јули дознав, раскажал вознемирениот Милошевиќ.
Не може да оди на лекар, да погидне лекови, под стрес е поради сето тоа, а нарушено му е и здравјето.
Вели дека извадил извод од матичната книга на умрени и дека во изводот стојат сите негови податоци.
Лекарите ги прогласиле за починати: Луѓе кои станале од мртвите
Клиничкиот центар Војводина во соопштението објаснува дека во јануари 2018. година кај нив бил хоспитализиран пациен со ист пол, име и презиме Ѓорѓе Милошевиќ, но дека немал документи на база на кои би можел да се утврди неговиот идентитет.
Податоците кои пациентот ги дал, Клиничкиот центар ги сметал за валдини и како такви ги внеле во документацијата.
Во меѓувреме, велат, презеле мерки за испитување на вработените за овој случај, спровеле стручен надзор, а Милошевиќ го повикале на разговор за да лично му се извинат.
За Танјуг вели дека покрај здравствените проблеми, доживеал „непријатности“ така што сограѓаните го ослоновуваат на шега како покоен.
Случајот го предал на адвокат.