Србија: Издадена дозвола за тестирање на автомобили без возач

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи издало дозвола за пробно возење во Србија на две возила кои имаат систем да се движат без интервенција на возачот, соопштија за Танјуг во Владата на Србија.

Loading...

Оваа дозвола се издава за ограничен простор и со обврска на возачкото седиште да седи лице со возачка дозвола, кое е специјално обучено за контрола на управувањето на такво возило и има можност да го исклучи автоматизираниот систем за возење на кој било начин и во било кое време и да ја преземе контролата над возилото.

Така, Србија дозволи пробно возење и тестирање на возила со автономно возење од трето ниво, што претходно го правеа само четири европски земји.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Грција: Четири деца се затруле од гас, едно од нив починало