Србија и Македонија утре ќе потпишат Меморандум за изградба на брза пруга од Ниш до Скопје

Сподели со своите пријатели

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека утре со македонскиот колега Благој Бочварски ќе потпише Меморандум за изградба на брза пруга од Ниш до Скопје, за што двете земји заеднички ќе побараат средства од ЕУ.

Loading...

– Ќе потпишеме Меморандум со Северна Македонија и јас сум особено горд на тоа, рече Весиќ во гостувањето на телевизија.

Тој изјави дека во тек е проектирањето на делницата Ниш – Прешево, долга 135 километри, а македонските партнери ќе ги проектираат „своите“ 50 километри од границата до Скопје.

Тој истакна и дека еден од неговите приоритети откако е во министерството е реконструкцијата на железничката линија Ниш – Димитровград, која конечно беше започната пред неколку дена, по дури пет години од потпишаниот договор и грант од ЕУ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК: Црвените јајца се вапцаат пред изгрејсонце

Таа пруга, објаснува тој, ќе се модернизира и електрифицира, за брзина од 120 километри на час.