Царинските службеници од граничен премин Табановце, завчера (31.01.2018 година), спречија обид за нелегално внесување на златен накит вреден околу 30 илјади евра, информираат од Царинската управа на Република Македонија.
Имено, на 31 јануари 2018 годинa, на граничен премин Табановце, царинските службеници извршиле претрес на лицето Т.М. – македонски државјанин пријавен за влез во Република Македонија. При претресот, во предниот лев и десен џеб од јакната која лицето ја носело на себе, царинските службеници пронајдоа непријавен златен накит (употребуван), две лири и употребуван рачен часовник ROLEX-TUDOR, завиткани и врзани во чорапи.