Спречен напад на руски дронови врз Киев

Сподели со своите пријатели

Дронови се приближувале до главниот град на Украина од различни правци, но воздухопловните сили ги уништиле пред да стигнат до самиот град, објави на Телеграм Серхи Попко, шеф на воената управа на Киев.

Loading...

Попко додаде дека нема информации за штети или жртви.

Тој истакна дека руските беспилотни летала нападнале и многу други украински региони во текот на ноќта.

„Можете искрено да им се заблагодарите на воините за противвоздушна одбрана за нивната одлична работа. Но, никој не треба да заборави да преземе мерки за лична безбедност. Не ги игнорирајте воздушните предупредувања! Секогаш покривајте се кога е издадено воздушно предупредување! Внимавајте!“, напиша тој на Телеграм.