Општина Куманово го избра уметничкото дело „Спортска сала Соколана Куманово“ за сувенир на општината за 2024 година.
Истиот е дело на кумановскиот автор Јелена Спасовски, насловен како „Спортска сала Соколана Куманово”, со мотив „Да ја сочуваме”.
Како што информираат од локалната самоуправа, филигранот „Соколана” е прилагоден за масовно производство, со цел да се користи за промоција на нашиот град.
На претходно објавениот Јавен конкурс учествуваа тројца автори со свои креативни дела, во кои беа содржани елементи на препознатливост, отсликување на традицијата и културно-историските, духовни,материјални и природни богатства на Куманово.
Наградата за Сувенир на општина Куманово, според претходно распишаниот повик, изнесува 100.000,00 денари без ДДВ и ќе биде поделена на два дела.
Триесет илјади денари ќе бидат наменет за добитникот за мотивација за вложениот труд.
Вториот дел пак 70.000 денари треба да се искористат за изработка на одредени количини кои општината ги користи при промоција на градот и средби со претставници.
Никола Ивановски