Јукеи Такашима (65), поранешен директор на училиште во Јапонија бил уапсен во април годинава откако против него жалби поднела 13-годишна девојка. Овие денови поранешниот директор добил и условна казна затвор.
Казната во траење од две години поради сексуални односи со најмалку три малолетнички од 12 илјади жени со кои имал односи за време на неговиот престој на Филипините.
Овој поранешен просветен работник е осуден поради „фотографирање на својот личен чин со три малолетнички“ на возраст меѓу 12 и 14 години во готел во манила пред две години, се наведува во одлуката на судот.
Ова е срамно и развратно. Како просветен работник требало да знае дека на Филипини, исто како и во Јапонија, децата мора да бидат заштитени – изрекла судијката Наоко Омори која смета дека Такашима ја злоупотребил тешката економска ситуација на девојчињата.