Специјалното јавно обвинителство за 2016 доби одобрение за буџет во износ од 253,7 милиони денари или 4,1 милиони евра по денешната одлука на Собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Според предлог одлуката средствата се наменети за плати и надоместоци на јавните обвинители и јавнообвинителската служба, за набавка на стоки и услуги, трошоци за време на постапките, вклучително и средства за советувања и мислења од експерти, професионално напредување на вработените, капитални инвестиции и средства за одржување на просториите, како и опремата за Специјалното јавно обвинителство.