Специјалното јавно обвинителство го отвори првиот истражен случај „Титаник“ кој се однесува на десетина дела поврзани со изборите, беше соопштено денеска на прес конференцијата која ја одржа Катица Јанева.
Отворена е истражна постапка за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година – вели обвинителката Фатиме Фетаи на прес-конференцијата во СЈО.
Таа наведе дека министрите за внатрешни работи, за транспорт и врски и секретарот на тогашната влада, како и други лица, го искористиле влијанието и на локално и државно ниво создале група за вршење кривични дела, за да овозможат победа на одредена политичка партија на изборите.
Тие искористувајќи ја својата привилегија создале група која на незаконски начин овозможила повеќе лица да користат избирачко право. Целата акција се реализирала преку МВР заедно со лица ангажирани да врбуваат лица, да носат од странство и да преку насилство пред и за време на изборна кампања за влијаат врз нивното гласање. Припадниците на злосторничкото здружување нуделе подароци, со намера да придобијат гласачи,а освен тоа и незаконски ја финансирале изборната кампања на партијата.
-Министерот за внатрешни работи ја впрегнал целокупната структура на ова Министерство да го состави Избирачкиот список за интересите на владејачката структура. МВР ангажирало голем дел од капацитетите при што се погазени законите. МВР направило упад во избирачкиот список.
СЈО за овие обвинувања предвиде мерка притвор за некои од лицата опфатени со постапката. Според СЈО оваа мерка се превзема поради опасноста да се влијае врз сведоците. Едно лице како што беше соопштено е веќе лишено од слобода поради опасноста да ја напушти Р. Македонија бидејќи поседува двојно државјанство, истакна обвинителката Фатиме Фетаи.
Извор: Телма/НоваТВ