Специјалниот претставник на Кина доаѓа во дводневна посета на Украина

Сподели со своите пријатели

Кинескиот пратеник Ли Хуи треба да престојува во дводневна посета на Украина од 16 до 17 мај, изјави денеска претставник на украинската влада.

Loading...

Ли е официјален специјален пратеник на Пекинг за евроазиски прашања и поранешен кинески амбасадор во Русија, според извештајот на Ројтерс.

Покрај Украина, Ли ќе ги посети Русија и европските престолнини за време на турнејата за која Пекинг вели дека има за цел да иницира разговори за „политичко решение“ на украинската криза.

Украинскиот функционер одбил да даде повеќе детали за посетата на високиот кинески дипломат, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.