Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со Директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски денеска ќе ги посетат СВР Куманово, како и граничниот премин Табановце, јавува Министерството за внатрешни работи.
Loading...
Спасовски и Савовски воедно ќе остварат посета и на Прифатен центар за мигранти во близина на железничката станица – Табановце. Предвидено е во 15.00 часот на ГП Табановце Министерот Спасовски да даде изјава за медиуми.