Советот за безбедност на ОН ја усвои американската резолуција за Украина, со руска поддршка

Сподели со своите пријатели

Синоќа Советот за безбедност на ОН усвои, со поддршка на Русија, американска резолуција со која се повикува на брз мир во Украина, но без да се спомене територијалниот интегритет на земјата или да се осуди Москва, и покрај противењето на европските сојузници на Киев.

Loading...

Американската резолуција усвоена од Советот за безбедност „бара итен прекин на конфликтот што е можно поскоро и се залага за траен мир“.

Беше усвоен со 10 гласа „за“, вклучително и Русија, и ниту еден против.

Воздржани беа четири земји од ЕУ (Франција, Словенија, Грција, Данска) и Обединетото Кралство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров денеска во работна посета на Иран

Претходно вчера Генералното собрание на ОН усвои две резолуции за Украина, по повод третата годишнина од почетокот на руската инвазија на земјата, едната предложена од Украина и нејзините европски сојузници, а другата предложена од САД, но која беше усвоена со големи измени на оригиналниот текст, поради што САД се воздржаа од гласање.

Резолуциите усвоени од Генералното собрание повикуваат на брз крај на војната, ја повторуваат посветеноста на територијалниот интегритет на Украина и бараат повлекување на руските трупи од украинска територија.

САД гласаа против првата резолуција поднесена од Украина и нејзините европски сојузници, заедно со Русија, Белорусија, Северна Кореја и 14 други земји, и беа воздржани во гласањето за нивната изменета резолуција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ истуркана во ќош. Кои се нејзините опции?

Како што се наведува на веб-страницата на ОН, Генералното собрание на ОН, а потоа и Советот за безбедност, вчера усвоиле вкупно три резолуции со силни повици за прекин на војната во Украина и силно несогласување за тоа како најдобро да се постигне тоа.

Loading...

Резолуцијата на ОН усвоена од Советот за безбедност не ја спомнува руската агресија, но изразува жалење за загубата на животи, ги повторува вредностите на Повелбата на ОН и повикува на „брз крај на конфликтот“ и е прва успешно усвоена резолуција од почетокот на целосната инвазија на Украина, објави веб-страницата на ОН.

Како што јави агенцијата Франс прес, САД, предводени од Доналд Трамп, вчера ги здружија силите со Русија за време на невиденото гласање во ОН за украинскиот конфликт, туркајќи ја својата идеја за брз мир без да ја осудат Москва или да ги бранат границите на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  По руски напад, Полска ги крена борбените авиони

Додека администрацијата на Џо Бајден секогаш го поддржуваше Киев, американското гласање во Генералното собрание и Советот за безбедност укажува на радикална промена во американската политика со доаѓањето на Доналд Трамп во Белата куќа.