Советот на Општина Куманово за утре ја закажа редовната 39 – та седница на која советниците ќе расправаат по дваесет и една точка од дневниот ред.
Пред советниците утре ќе се најдат точки на кои ќе се расправа за тримесечниот извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ – Куманово за период од јануари – март 2015, за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за истиот период, како и за тримесечениот извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“.
Останатите точки се поврзани со предлог – одлуки за промена на Детално – урбанистички план, а како последна точка, советниците ќе расправаат за предлог – решение за именување на претставници од Општината Куманово за членови на Училишниот одбор во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово.