Советниците едногласни за спас на својот град по било кое прашање (видео)

Сподели со своите пријатели

Советниците во попладневните часови итно се собраа во кружната сала на Општина Куманово и едногласно се заложија, нивниот град да остане единствен и сплотен во ситуација кога безбедносната слика на градот наликува на вистински кризен регион.

Loading...

Се донесоа низа заклучоци, како што е 24 – обезбедување на Филтер Станицата, помош на евакуираните граѓани, задолжувајќи ги институциите на системот да спречат цивилни жртви и присебност кај граѓаните.

На вондредната седница се обратија и пратениците од Куманово, директорите на јавните претпријатија и градоначалникот Зоран Дамјановски.

– Да не дозволиме поделба по етничка основа. Да чекаме да се разреши ситуацијата и да останеме присебни, порача Дамјановски, изразувајќи загриженост за Куманово од причина што градот веќе 12 е под опсада.

Loading...

Сите седум заклучоци беа донесени едногласно со 24 гласа ”за”, со надеж дека ситуацијата многу скоро ќе биде доведена под целосна контрола.

Leave a Reply