Советници од Босна и Херцеговина во посета на колегите од Куманово (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Во кружната сала на поранешен Комитет денес се одржа работна посета на претставници на општинските совети од Босна и Херцеговина, како и претставници на ОБСЕ во БиХ, со нивните колеги од Куманово, на која беа разменети меѓусебни искуства.

Loading...

[huge_it_gallery id=”218″]

Босанските државјани се заинтересирани за фунцкионирањето на локалните заедници и соработката на општините во Република Македонија.

Далеку сме од нивните искуства, во континуитет не само во рамките на локалните самоуправи, туку и во државата. Извршната власт со бич удира по локалната – вели Максим Димитриевски, претседател на Советот на општина Куманово.

Колегите меѓусебно ги разменија искуствата, но сепак кумановските советници не ја пропуштија можноста во дискусијата да внесат дел од меѓупартиските препукувања.