Совети како да се заштитите од загадениот воздух во градовите!

Сподели со своите пријатели

Загадувањето на воздухот во големите градови е факт. Тоа е причина за десетици илјади болести и смртни случаи. Кај нас, податоците покажаа дека секој трет човек умира од загадувањето на воздухот.

Loading...

Штетните честички се разнесуваат низ целата земја, формирајќи смог над најголемите градови со погусто население.

Решенија има, некои европски метрополи покажуваат добри примери и практики кои водат до позитивни резултати, од кои би можеле да послужиме за идеи за справување со проблемот. А, дотогаш погледнете што можете да направите во секојдневниот живот, за да се заштити здравјето од загадувањето во воздухот.

1. Препорачливо е пред да излезете од дома да се информирате за нивоата на загадување во вашата област. Тие можат да се следат во реално време на платформата за пресметување на индексот за квалитет на воздухот http://airquality.moepp.gov.mk/. Веќе има и развиени мобилни апликации за пресметка на загадувањето на воздухот, како Мој Воздух. Може да имате корист и од кој било од нив.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Луѓето кои зборуваат два јазика имаат помала веројатност да развијат деменција

2. Користете маска за лице или шал. Во присуство на зголемена концентрација на штетни честички во воздухот ставајте маска или шал, за да го спречите навлегувањето на овие честички во респираторниот систем.

 

 

Loading...

3. Снабдете се со домашен прочистувач за воздух . Во некои силно контаминирани области на светот овие уреди се речиси задолжителен дел во урбаните домови. Воздухот кој го дишеме дома исто така има потреба од прочистување, бидејќи при проветрување влегуваат истите овие штетни честички и загадувачи.

4. Намалете го целокупното загадување и во својот дом . Важно е да се сфати дека дури и да живееме во релативно еколошки чист регион, тоа не значи дека воздухот во затворен простор, во кој живееме, е безбеден.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Чаеви кои најдобро го регулираат крвниот притисок

Во домовите често присуствуваат предмети со силна концентрација на прав како стари перници, теписи, стари душеци, завеси. Ослободете се од нив или темелно чистете ги на неколку недели, за да бидете сигурни дека во вашиот дом не се собираат нездрави нивоа прав и микроорганизми.

5. Внимавајте што горите во својот дом . Не само што греење на јаглен и дрва е крајно штетно како за вашиот дом, така и за околината и општото загадување на населеното место, но и согорувањето на темјан, свеќи и други слични предмети штетат многу на квалитетот на воздухот во домот.

6. Избегнувајте движење со велосипед во зимските месеци. Некои луѓе го сакаат еколошкиот метод на движење со велосипед, кој сепак во зимските месеци не е соодветен. Физичкиот напор при возење велосипед претпоставува задишување и дишење преку уста, што го зголемува навлегувањето на штетни гасови директно во респираторниот систем.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Луѓето кои зборуваат два јазика имаат помала веројатност да развијат деменција

Голтањето на зголемените нивоа на магли, смог и испарувања од издувни гасови и горива по патиштата постојано го влошуваат здравјето.