Педесет и осумгодишна кумановка вчера пријавила дека во нејзината куќа сосед се однесувал агресивно кон неа, упатувал закани, а потоа и замавнал кон неа со остар предмет.
Loading...
– На 16.04.2022 во 10,00 часот во Полициска станица Куманово 58-годишна жена пријавила дека во 07,30 часот додека била во куќата во населба Добршане, кумановско дошол нејзиниот сосед Ѓ.Н. кој агресивно се однесувал, упатувал закани и замавнувал со остар предмет кон неа, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски