Сопственикот на „Фиат“ ќе отпушти 2.250 луѓе

Сподели со своите пријатели

Производителот на автомобили Stellantis планира да отпушти приближно 2.250 работници во фабриката Мирафиори во Торино на неколку недели поради слабата побарувачка, објавија синдикатите.

Loading...

Во периодот од 12 февруари до 3 март без работа ќе останат 1.250 работници кои го произведуваат електричниот „фиат 500“ и уште 1.000 што произведуваат автомобили „масерати“, изјави портпаролот на компанијата, потврдувајќи ја изјавата на синдикатот.

Во понеделникот синдикатите соопштија дека се загрижени за отпуштањето на работниците, повикувајќи го „Стелантис“ што поскоро да седне на маса и да разговара за најавениот прекин на работата.

Производителот на брендовите, меѓу кои „Фиат“, „Пежо“ и „Крајслер“, направи слични потези минатата година од 19 октомври до 3 ноември, поради повторениот пад на побарувачката, потсетува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цената за регистрација на автомобилите ќе остане иста

Италијанскиот синдикат ФИМ ЦИСЛ минатата недела соопшти дека граѓаните го одложуваат купувањето на електрични автомобили затоа што чекаат државни стимулации кои Владата во неколку наврати ги најавуваше минатата година, а се уште не ги понуди.