Изгледа дека Грците во се поголем број се трудат да го спречат лошиот туризам, па така во многу апартмани го ограничуваат користењето на услугите на своите гости.
Од забрани за користење рерна, готвење тешка храна и повеќечасовно користење клима, сопствениците на апартманите поставуваат нови ограничувања кои, изгледа, од година во година се се построги.
Иако многумина на Фејсбук се жала за забраната за фрлање тоалет хартија во ВЦ школките, треба да се знае дека тоа не е одлука на сопствениците на апартманите туку поинакви се стандардите на канализациските цевки. Затоа со фрлање тоалет во ВЦ школките во цела Грција ризикувате да го уништите канализацискиот систем, а во случај на поплава вие ги сносите трошоците за водоинсталтер.
ФЕНОМЕН: Џиновска пајакова мрежа прекри цел брег во Грција (ВИДЕО)
Иако поголемиот дел од корисниците на Фејсбук ги оправдуваат ваквите одлучи на грчките апартмани, има и такви кои сметаат дека за цена од 60 по 100 евра за ноќевање на Халкидики треба да добијат се што имаат и дома.
Сепак, се псотавува прашањето дали и дома ја оставате климата вклучена кога ќе заминете на работа?