Сопругата на основачот на OceanGate, кој е во подморницата, е правнука на загинати на Титаник

Сподели со своите пријатели

Венди Раш е сопруга на Стоктон Раш, основач и извршен директор на OceanGate, кој се наоѓа на исчезнатата подморница. Таа е и правнука на патниците кои загинаа на Титаник, пишува Би-Би-Си.

Loading...

Станува збор за Исидор и Ајда Штраус кои патувале во прва класа на Титаник, а биле спомнати дури и во филмот Титаник.

Имено, Штраус биле меѓу најбогатите патници на Титаник. Тие биле косопственици на познатата стоковна куќа Мејси.

Исидор одбил да влезе во чамецот за спасување, неговата сопруга не сакала да биде без него

Како што напиша Њујорк Тајмс, тие веројатно се најпознати по нивната трагична љубовна приказна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сателит на ЕСА утре ќе падне на Земјата

Преживеаните од Титаник изјавија дека Исидор одбил да влезе во чамецот за спасување додека сите жени и деца не влегле. Ајда, неговата 40-годишна сопруга, одбила да оди без него.

Потоа, двајцата биле видени како стојат рака под рака на палубата на Титаник додека бродот тонел.

Во филмот „Титаник“, тие се претставени како пар кој се прегрнува во кревет и ја чека смртта додека водата навлегува околу нив.

Според архивите на Њујорк Тајмс, телото на Исидор било извлечено од морето околу две недели по потонувањето.

Loading...

Посмртните останки на Ајда никогаш не беа пронајдени.

Венди Раш била до Титаник три пати

Венди Раш, родена Холингс Веил, се омажила за Стоктон Раш во 1986 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ИТНА ЕВАКУАЦИЈА: Во авион откриен куфер полн со радиоакетивен материјал

Таа е директорка за комуникации во OceanGate и, според нејзината страница на LinkedIn, три пати била на потонатиот брод Титаник.