Сообраќајот во Ормутскиот теснец е толку забавен што е намален на најниско ниво во изминатите неколку недели, објави Ал Џезира, повикувајќи се на извештаите на Кеплер.
Шест бродови поминаа низ теснецот во неделата, според податоците од Кплер, глобална аналитичка платформа која обезбедува податоци во реално време и увид за глобалните пазари на стоки и поморскиот транспорт.
Меѓу тие шест бродови се и многу големиот носач на сурова нафта „Хуманити“ и „Капетан Андреас“, кои превезуваат два милиони барели иранска нафта и 500.000 барели кувајтски нафтени деривати.
Три празни танкери, исто така, влегле во Персискиот залив за да натоварат нафта, според податоците од платформата.
Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата рече дека воден пат е отворен за комерцијален брод, иако Иран претходно соопшти дека го затворил теснецот откако брод се обидел да помине низ неавторизирана рута.
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека запрела два брода во теснецот, без да ги прецизира имињата на вмешаните бродови.

