Тешка сообраќајна несреќа се случи на улицата Октомвриска револуција околу 16 часот, но нема жртви.
За радио „Бум“ очевидци ијавиле дека Голф 4, движејќи се со голема брзина изгубил контрола и удрил во паркирано возило Опел по што излетал во дворот на стамбениот комплекс.Сопственикот на Опелот бил во маркетот од спротивната страна .
Увидот е во тек , а возачот на Голф 4 е хоспитализиран. Овој дел од Октомвриска револуција е многу прометен со автомобили и луѓе бидејќи во близина се наоѓаат повеќе маркети.
Се вози со голема брзина и не се почитуваат сообраќајните знаци и среќа е што во сообраќајката нема повредени пешаци.