Јапонската компанија SONY на своите официјални страници објави известување дека нивните корисници не треба да ги надоградуваат лап топите на новиот Windows 10.
Loading...
- Немојте да го надоградувате оперативниот систем сеуште. За да бидете сигурни дека вашиот Vaio лап топ ќе работи на новиот Windows 10 оперативен систем, ви препорачуваме да почекате со надоградувањето додека не бидат подготвени сите управителни програми – стои на интернет страницата на компанијата.
Во известувањето исто така стои дека сопствениците на Vaio компјутери кои доаѓале со Windows 8 OS надоградбата ќе ја добијат во октомври, додека оние со Windows 8.1 новата верзија ќе ја добијат во ноември оваа година, а за сопствениците со Windows 7 во текот на овој месец.
Инаку SONY, минатата година на инвестицискиот фонд Japan Industrial Partners го прадодаде одделението на преносни компјутери Vaio, но компанијата сепак продолжила да ја прижа подршката на корисниците кои порано набавиле некој од нивните уреди.