Сончево време во текот на цел ден среда. Сосема мала облачност и сосема локално е можна во текот на попладнето. Во северниот тек на Вардар ќе дува повремено умерен северен ветер.
Loading...
Максималната температура ќе достигне вредности околу 32°С во северниот и југозападниот регион од земјава. На југоисток максомалната температура ќе има вредност околу 35°С.
Во наредните денови, останува сончевото и суво време. Максималната температура воглавно ќе има вредности малку повисоки од денешните во четврток и петок. Сабота и недела ќе бидат денови со температура слична на денешната.
Вредноста на УВ индексот ќе биде 9.