Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб ветер, во западните делови, особено на планините со умерен на моменти засилен интензитет од западен и југозападен правец, а кон крајот на денот се очекува зголемување на облачноста.
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе биде релативно сончево време со многу минимална облачности слаб ветер од источен и југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 10-от степен, а минималната во текот на ноќта ќе се спушти до 0 степени целзиусови, за разлика од утринава кога беше измерен еден степен во позитива.
До среда ќе се задржи стабилно и релативно топло време, што ќе услови понатамошно топење на снежната покривка на планините. Во вторник и среда, по одделни котлини има услови за појава на магла во утринските часови, стои во прогнозата од УХМР.