Соломонските Острови доделија вреден договор за пристаниште на кинеска компанија

Сподели со своите пријатели

Соломонските острови доделија милионски договор на кинеска државна компанија за модернизација на меѓународното пристаниште во Хонијара, во проект финансиран од Азиската банка за развој, соопштија денеска властите на таа островска земја.

Loading...

Кинеската градежна компанија ЧЕЧ беше единствениот понудувач на тендерот, изјавија за Ројтерс од Министерството за развој на инфраструктурата на Соломонските Острови.

Како што е прецизирано, станува збор за реконструкција на старото меѓународно пристаниште во Хонијара и две домашни пристаништа во провинциите.

Одговарајќи на загриженоста дека пристаништето може да се прошири за да формира кинеска поморска база, властите во Хонијара рекоа дека нема да има „проширување“.

Соломонските Острови потпишаа безбедносен пакт со Кина минатата година, предизвикувајќи загриженост од САД и нивните сојузници, вклучително Австралија, Нов Зеланд и Јапонија, поради кинеските амбиции за изградба на поморска база во регионот.

Кина и Соломонските Острови негираа дека потпишаниот договор дозволува поморска база, а делегации од Пекинг и Вашингтон ја посетуваат Хонијара оваа недела во обид за влијание во стратешки важната островска држава на Пацификот.

Премиерот Манасех Согаваре во вторникот се состана со потпретседателот на Кинеската агенција за меѓународен развој и соработка Танг Венгхонг и потпиша договор со Пекингската иницијатива за глобален развој, се вели во соопштението од неговиот кабинет.

Кинеската хуманитарна агенција финансира инфраструктурни проекти откако Согавер го повлече признавањето на Тајван и воспостави дипломатски односи со Пекинг во 2019 година, а развојната соработка со Кина дополнително ќе се зајакне, се додава во владиното соопштение.

Loading...

Согаваре води и стратешки дијалог со делегација од Вашингтон на островот предводена од американскиот индо-пацифички координатор Курт Кембел, кој ја повтори поддршката за слободни, отворени, безбедни и просперитетни Соломонови Острови, се вели во соопштението на американската амбасада во Хонијара.